Македонија
20. April 2018 - 18:03

Касарната во Штип одбележа 103 години од смртта на Јане Сандански

Во штипската касарна одбележана 103 годишнината од смртта на патронот Јане Сандански, војвода и истакнат македонски револуционер.

Потсетувајќи ги накратко присутните за текот и придобивките од борбата за слобода на македонскиот народ предводена од „Пиринскиот цар“, потполковник Петрушевски истакна дека касарната со гордост го носи неговото име.

-Неговиот идеал за создавање на независна, самостојна и слободна држава на македонскиот народ е наша стварност, но и света обврска да ја сочуваме стекнатата слобода и државност- изјави потполковник Горан Петрушевски, командант на Вториот механизиран пешадиски баталјон.

Вториот механизиран пешадиски баталјон, е опремен со борбени и не борбени технички средства кои овозможуваат одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, учество на мировни мисии предводени од НАТО алијансата, давање поддршка на населението при елементарни непогоди, како и обезбедување на државната граница.