Македонија
16. December 2021 - 9:03

Касами го „накити“ Тетово со билборд на кој е напишан долгот што го наследил од Арифи

Билоборд со сума од 24.018.222 евра е поставен во Тетово. Го вети и го намести актуелниот градоначалник Билал Касами, а бројките се долгот кој општината го имаше кога тој го презел управувањето од поранешната градоначалничка Теута Арифи. 

Новиот градоначалник Касами, неодамна соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра.

Како што соопшти тој, општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.