Свет
17. October 2016 - 11:12

Картер: САД ќе го поддржат Ирак во тешката битка која следува

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека неговата земја и другите членки на меѓународната коалиција, на чело со Армијата на САД, се подготвени да го поддржат Ирак во „тешката битка која следува“. 

Картер ова го изјави откако Багдад  го објави почетокот на офанзивата за повторно заземање на градот Мосул од рацете на Исламската држава (ИД).

- Ова е одличен момент за кампањата, која би требало на ИД да и нанесе трае пораз. Ние сме уверени дека нашите ирачки партнери ќе победат во борбата против заедничкиот непријател и ќе го ослободат Мосул и остатокот на Ирак во ИД, наведе Кери. 

Главниот командант на меѓународната коалиција на чело на САД, која се бори против ИД, американскиот генерал Стивен Таусенд, смета дека операцијата, која ирачките сили ја покренале за ослободување на Мосул ќе трае со недели, а може и подолго.

Таусенд предупреди дека повторното освојување на последното големо упориште на ИД во Ирак може да потрае.