Картер: Американската армија во Авганистан ќе има поголема слобода при нападите врз талибанците
Главниот командант на силите на САД во Авганистан ќе има поголема слобода при нападите врз талибанците по минатомесечното одобрение од претседателот Барак Обама, изјави американскиот секретар за одбрана Еш Картер.
Тој, во ненајавената посета на Авганистан, истакна дека овластувањата дадени на генерал Џон Николсон ќе дозволат „многу поефикасно искористување на силите на САД, како и на авганистанските сили“.
Пред одобрението генерал Николсон, кој командува со мисијата на НАТО „Одлучувачка поддршка“ и со мисијата на САД за борба против тероризмот, силите можеа да се вклучат во борба против талибанците само на барање на авганистанската армија.
Посетата на Картер на Авганистан уследи откако Обама ги откажа плановите намалување на бројот на американски војници во Авганистан до крајот на годината и одлучи да остави 8.400 војници до крајот на нивниот мандат во јанури.
Картер се сретна со авганистанскиот претседател и премиер Ашраф Гани и Абдула Абдула.
Гани им се заблагодари на САД и на сојузниците на НАТО, кои минатата недела ветија продолжување на помошта за Авганистан.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово