Кошарка
7. October 2016 - 16:07

Карпош Соколи против Морнар по првата победа во АБА лигата

 Екипата Карпош Соколи на гостувањето кај црногорскиот тим Морнар ќе се обиде да ја оствари својата дебитантска победа во регионалната кошаркарска АБА лига. 

 
Тимот на Карпош Соколи кој сезонава за прв пат настапува во АБА лигата, лошо ја отвори сезоната со два порази на гостувањето во Словенија кај Крка 81:64 и пред два дена кога во Скопје загуби од Игокеа со 84:79. 
 
И екипата на Морнар досега претрпе два порази и тоа на домашен терен од Партизан со 1, односно на гостувањето во Загреб кај Цибона со 2 поени разлика. 
 
Ова е еден од трите натпревари кои ќе се играат денеска, а се во рамките од 3.коло. Покрај мечот Морнар - Карпош Соколи, денеска ќе играат Игокеа - Унион Олимпија и Партизан – Цибона. 
 
На средбите кои беа одиграни вчера, беа постигнати следниве резултати: Цедевита - МЗТ Скопје Аеродром 82-61, Крка – ФМП 61-70, Задар - Црвена Звезда 66:103 и Мега Лекс – Будуќност 81:85.