Кошарка
24. August 2016 - 14:19

Карпош Соколи и официјално „слета“ во АБА „друштвото“

Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи од денеска и официјално станува дел од регионалната АБА лига.
 
„Соколите“ се вториот македонски тим, по шампионот МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе учествува во реномираното регионално натпреварување - Јадранската АБА лига.
 
По тој повод,  денеска  во кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, претставници на Јадранската АБА лига го официјализираа пристапувањето на КК Карпош Соколи во ова кошаркарско друштво.
 
Како поранешен спортист, првиот човек на Општината Јакимовски, изрази големо задоволство, што токму клубот кој доаѓа од Карпош, ќе  се натпреварува со европски  кошаркарски величини, и ќе се бори за нови успеси.
 
Претседателот на клубот Огнен Дедиќ, го потпиша договорот со кој  веќе формално и официјално, КК Карпош Соколи стана дел од еминентното кошаркарско натпреварување во нашиот регион.
 
Освен предизвикот АБА лига, „Соколите“ за прв пат ќе играат и во балканската БИБЛ лига.