Македонија
21. јуни 2017 - 14:40

Карпош ги награди најталентираните ученици

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска во својот кабинет ги прими најдобрите десет полуматуранти - првенци на училишната генерацијата 2016/2017.

Во оваа пригода, лично им ги врачи еднократните парични награди од 10.000 денари, што за нив, традиционално ги обезбеди локалната самоуправа.

Како што соопшти Општината, посебна комисија направи селекција и од сите десет основни училишта во Карпош и избра по еден најталентиран ученик кој во текот на 2016/2017 постигнал најдобар успех, освоил престижни награди и стекнал дипломи на локално или државно ниво.

Освен паричните награди, Општина Карпош минатата недела ги одведе најталентираните ученици, заедно со останатите 70 најуспешни основци-спортисти, на шестдневно наградно патување во кампот „Скураз“ на полуостровот Халикидики, Грција.

На денешната средба, „првенците“ разговараа со Јакимовски за постигнатите резултати и за функционалноста на образовниот процес.