Македонија
4. March 2019 - 9:32

Карневалски групи од Струмица на карневал во Риека

 Струмичките карневалски групи „Кико-Стил”, СОУ „Димитар Влахов” и „Газели“ со маските „Челичниот еднорог”, „Разиграни кактуси “и „Тримерски порцелански кукли”, настапија на Интернациналната карневалска парада во Риека, Хрватска, што се одржа вчера.

На покана од членовите на Македонското културно друштво „Илинден” во Риека, кое е дел од заедницата на Македонците во Хрватска, струмичките карневалски групи беа во кратка посета во просториите на друштвото. Притоа ја погледнаа изложбата на фотографии од Струмичкиот карневал од претходни изданија отворена пред една недела.