Фудбал
29. December 2016 - 17:20

Карлос Тевез стана најплатен фудбалер во светот

 
 
 Карлос Тевез и официјално стана наплатениот фудбалер во светот. 
 
Аргентинецот го официјализираше трансферот во кинеската екипа  Шангај Шенхуа, со што Тевез стана најплатениот фудбалер на планетата со двојно повисоки примања од Кистијано Роналдо и Лионел Меси.
 
Според информациите, Тевез ќе заработи 71,6 милиони фунти за две години во Кина, односно неделната плата на Аргентинецот ќе изнесува неверојатни 615.000 фунти со кои ќе стане убедливо најплатениот фудбалер на планетата.
 
За споредба годишниот договор со Бока му носеше на Тевез годишна заработка од „скормни“ 2 милиони долари годишно.
 
Екипата на Шангај за овој трансфер на Бока и платија 10 милиони долари.
 
„Бока Јуниорс постигна договор со Шангај Гринланд Шенхуа за трансфер на Карлос Тевез, почитувајќи ја желбата на играчот да ја продолжи својата фудбалска кариера на азискиот континент“, пишува во соопштението на аргентинскиот клуб.
 
Со овој договор Тевез не само што ќе стане најскапо платен фудбалер на денешницата туки и Тој ќе заработува двојно повеќе од најдобрите играчи во светот Кристијано Роналдо и Лионел Меси.