Македонија
21. December 2015 - 10:46

Карлос Флорес Хубериас од Шпанија почесен проефесор на УКИМ

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” донесе одлука да му додели звање почесен професор (professor honoris causa) од областа на правните науки на д-р Карлос Флорес Хубериас, професор на Универзитетот во Валенсија, Шпанија.  

Ректоратот на УКИМ соопшти дека свечената седница на Универзитетскиот сенат за доделување на највисокото почесно звање на УКИМ на д-р Хубериас ќе се одржи утре во аулата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со почеток во 11 часот.