Фудбал
5. January 2016 - 23:09

Карлинг куп: Ливерпул триумфираше над Стоук

Екипата на Ливерпул оствари минимална но важна победа во првиот полуфинален натпревар од Карлин купот на гостувањето кај Стоук. „Црвените“ триумфираа со голот на резервистот Џордан Ајб во 37.минута.

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп со многу проблеми поради повреди изведе на теренот 11 играчи, а веќе по 34.минути мораше да направи уште две измени поради повреди. 
Во 18.минута се повреди Кутињо и беше заменет од Ајб, а во 34.минута се повреди Ловрен и на негово место влезе Милнер.
Реванш натпреварот Ливерпул и Стоук ќе го играат на 26.јануари на Енфилд.
Утре (почеток 21 часот) се игра второто полуфинале меѓу Евертон и Манчестер Сити.