Џет-Сет
19. February 2016 - 10:09

Карлеуша тешко болна, Јелена е очајна и плаче со денови

Јелена Карлеуша е голем професионалец, оди на снимања и на настапи, но зад брендираните наочари се крие поглед полн со болка и солзи поради нејзината мајка Дивна, која е сериозно болна. Како што пишува српски Курир, Дивна Карлеуша е хоспитализирана поради тешката здравствена состојба, а кај лекарите од земунската болница се јавила откако почнала да искашлува крв. Виновни се цегирате.

-Дивна е примена во болница поради проблеми со дишењето и белите дробови. На докторите им рекла дека тој проблем го има подолго време, но мислела дека тоа е минливо или дека е поради прекумерното конзумирае цигари. Кај лекарите дошла откако почнала да искашлува крв, поради што се испаничила. Три дена лежела на одделение и направени и се основни испитувања, но дури кога ќе бидат готови резултатите, лекарите ќе може да дадат точна дијагноза. Кај пациентите во ваква состојба прв сомнеж е туберкулоза, но тоа не мора ништо да значи, вели соговорник и додава дека лекарите се убедени дека лошата здравствена состојба на Дивна е поради прекумерното пушење.

-Таа навистина е толку страстен пушач што барала да излезе од болница по три дена зошто не можела без цигари. Кога и е направен специјалистички преглед, буквално истрчала од ординацијата да запали цигара. Докторот бил во шок кога го видел тоа, вели соговорник од земунската болница.

Дека Дивна е во лоша здравствена состојба, можеше да се претпостави и додека беше во реалното шоу парови, Поранешната радио водителка била среќна што стана дел од ова шоу и сакаше во вилата да остане подолго, а потоа едноставно посака да си оди и ги замоли фановите да не гласаат за неа.

Колку на Јелена и е тешко, најдобро потврдува фактот дека ги замолила пријателите и роднините на никого да не зборуваат за здравствената состојба на Дивна зошто не сакала случајот да заврши во медиумите. Дивна Карлеуша при престојот во болница се фотографираше и оваа фотка ја постави на својот Фејсбук профил, но набрзо потоа ја тргна.

Медиумите контактираа со Дивна и со Јелена но тие не се јавуваа на телефон.