Јелена судот го напушти 15 минути подоцна, поради разговор со адвокатите со кои се задржа внатре во судот, а по излегувањето беше видно расположена.
Прво прашање и за неа беше како се чувствува.
-Одлично! Како сте вие? Ви беше ли студено?, со насмевка ги праша новинарите видно опуштената Јелена.
На прашањето како помина помирувањето и дали дојде до него, Јелена потврди дека од помирувањето нема ништо.
-Бурно беше. Но, се што можам да кажам, бидејќи судот така наложи, е дека никакви детали да не се изнесуваат во јавност, но не дојде до успешно помираување, ајде ја кажам - не беше ни блиску, рече јелена.
На прашањето дали таа не сакала да се помири, повтори:
-Не беше ни блиску.
На новинарската констатација дека се слушал повисок тон во судницата и како Цеца изговара: „Срам да ти е“, „Молчи“, „Немој да ми зборуваш за чесност“, „Замолкни“, и друго, Јелена рече дека тоа не биле нејзини зборови.
-Што и да сте слушнале, не сте чуле од мојата уста. Јас сум некој кој културно се однесува, посебно пред судот. Го почитувам судот. Не користам таков уличарски речник во судница. Кој сте слушнале вие, јас не знам, јас не бев, расположено заврши Карлеуша.