Џет-Сет
20. May 2018 - 14:49

Карлеуша нервозна, еве што и се случи на аеродромот во Анталија каде заглави со децата

Јелена Карлеуша доживеа вистинска непријатност на аеродромот во Анталија кога и се загуби багажот.

Популарната пејачка по работниот викенд се упати со ќерките Атина и Ника во популарното турско летувалиште, но кога слета беше непријатно изненадена.

Имено, Јелена како и сите други патници стрпливо чекаше да си ги земен своите куфери, но по еден час сфати дека ги нема!

Карлеуша љубезно се обиде да им објасни на вработените на аеродромот дека работите мора да и се пронајдат под итно, а бидејќи тие не успеаја тоа да го сторат таа се изнервира и побара да се види со менаџерот.

 

 

Додека ги чекаше да стигнат, пејачката нервозно цупкаше и куцаше пораки на телефонот, а нејзините ќерки не се потресоа многу, туку си играа на аеродромот.

Кога менаџерот конечно стигна, поразговара со Јелена и и се извини за непријатноста и нејзините куфери брзо се пронајдени,

После тоа Карлеуша со ќерките се смести во луксузен хотел и од таму веднаш ги извести фановите дека ужива.