Џет-Сет
22. September 2017 - 14:59

Карлеуша има над милион следбеници на Инстаграм: Нема да ви се верува, но првата фотографија доби само 3.000 лајкови

Јелена Карлеуша во август 2012 година отвори налог на социјалната мрежа Инстаграм, а ретко кој се сеќава на нејзината прва објава што ја сподели со пријателите и обожавателите.

Јелена има над 2.700 фотографии на Инстаграм, ама првата дефинитивно и е најдрага. Имено, слатката мала во август 2012 година објави слика од своите ќерки Атина и Ника.

Карлеуша денеска има над милион следбеници и речиси секоја нејзина слика има минумум 40.000 лајкови, а првата имала само 3.000.

Толку  малку лајкови на популарната мрежа денеска би било шок со оглед на тоа дека  Јелена има над милион следбеници.

Јелена денеска главно објавува свои фотографии, а ретко закачува од своето семејство, што не беше случај кога првпат отвори Инстаграм. Ова се некои од првите нејзини слики на популарната мрежа, и може да се види дека на почетокот споделувала со фановите семејни моменти.