Џет-Сет
2. October 2017 - 13:07

Карлеуша брутално ја прозва Северна и и го покажа средниот прст: Еве што и порача на снаата на Кеба!

Јелена Карлеуша не можеше да го скрие задоволството поради преполниот клуб, а публиката ја поздрави со громогласен аплауз кога на самиот почеток од настапот брутално ја прозва Северина Којиќ и тоа со средниот прст.

Имено, Карлеуша се качи на бина, а пред да ја отпее првата песна рече:

-Ви благодарам на сите што дојдовте во толку голем број. Кој не може да влезе, слободно нека оди кај Северина, таму има место., рече таа и го покажа средниот прст.

Карлеуша алудираше на тоа дека тие двете иста вечер настапуваа, но Северина продала значително помал број карти од неа, па не можеше тоа да го остави без да го искоментира.