Кариус ја презеде вината и се извини на навивачите на Ливерпул | Сител Телевизија
Фудбал
27. May 2018 - 10:32

Кариус ја презеде вината и се извини на навивачите на Ливерпул

Лорис Кариус беше трагичарот на Ливерпул во големото финале, откако беше директен виновник за два од трите гола на Реал Марид во Киев.
 
Германскиот голман по завршувањето на средбата беше во солзи, барајќи прошка од навивачите, знаејќи дека завршниот исход можеше да биде поинаков доколку не ги направеше катастрофалните грешки во второто полувреме.
 
- Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, изјави Кариус по мечот.