Македонија
21. July 2018 - 18:00

,,КАРИЛ‘‘ - помеѓу животот и смртта

За многумина овие звуци предизвикуваат вознемиреност..За медицинскиот персонал во интензивното лекување на КАРИЛ значи борба за живот на пациентите.

Одделот е исполнет до последниот кревет. Најголем број од пациентите се со повреди здобини во сообраќајни несреќи. Половина од нив се приклучени на апарати за дишење и постојано се под надзор на медицинскиот персонал.

Значи тука се тешки и животозагрозувачки пациенти и негата за нив е 24 часовна, вели Ангела Трпоска, лекар на интензивно одделение на КАРИЛ

Медицинските сестри кои денеска беа дежурни се повеќе од 14 години на овој оддел. Сите велат дека работата и физички и психички ги ицрпува и дека нивната професија е стресна. Но и покрај тоа ниту една не сака да замине на друга клиника.

-Овде се грижиме сите ние заедно 24 часа за овие пациенти, почнувајќи од прва, втора смена и ноќно дежурство..негата секогаш е иста, вели Добрила Џангоровска, медицинска сестра

Иако се медицински лица, сочуствуваат и со пациентите и со семејствата.

-Тешко е кога треба нешто лошо да соопштиме, но се трудиме да придонесеме да изнудиме насмевка и на пациентот и кај блиските, вели Азра Кавазовиќ, медицинска сестра.

Додека бевме во интензивниот оддел, кај двајцца пациенти имаше влошување на состојбата.

-Значи ова е секојдневие, се е добро и оддеднаш ќе се случат испади во здравствената состојба и веднаш се реагира од наша страна, вели Снежана василевска, медицинска сестра

Сестра Златка вели дека во нејзината 40 годишна кариера на хируршките клиники видела многу. Од радост кај сите кога после 30 или 40 дена во кома доаѓа до опоравување на пациентот, до лутина и бес кај семејства кога им соопштуваат лоша вест.

-Знаете, работата е тешка но ја работиме со љубов, но се случува и тоа на нас да го искажат револтот семејствата кога ние ќе им соопштиме неубава вест. Но почести ни се убавите вести, вели Златка Јовановска, главна сестра на КАРИЛ

Анестезиологот Беџети од КАРИЛ денеска е дежурен за операциите кои ги прават во хируршките клиники. Од утринава веќе имал две итни интервенции.

-Немедицинари мислат дека ова е многу лесно, но успивање и будење на пациент после операција е многу тешка работа, вие сте одговорни за дсите витални функции во организмот, вели Фадил Беџењти, анестезиолог од КАРИЛ

Оваа установа има 32 лекари и 36 медицински сестри. За да функционираат по стандардите мора да добијат нови вработувања. Но како единствен ваков оддел во државата неоходно е и реновирање, велат вработените.

-Една сестра е за еден пациент на респиратор или двајца кои не се на машина. Ни треба нов кадар и еве чекаме огласи, вели др. Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ

На одделот за интензивно лекување пациентите престојуваат две до три недели но има и такви кои биле еден или два месеци.

-Освен борбата за живот, во оваа установа се случуваат и љубовни приказни. Медицинска сестра се грижела за пациент кој повеќе од месец дена бил овде. По неговото оправување и излегување од болница, се заљубиле и веќе се во брак.