Бизнис
11. January 2018 - 20:47

Карго во Штип нема да има, парите ќе се пренаменат за канализации и други проекти од јавен интерес

Дефинитво нема да се гради  Карго аеродромот во Штип. Најголем дел од парите кои ТАВ планираше да ги инвестира во аеродром од ваков тип односно 45 милиони евра ќе бидат пренаменети за изградба на канализација, посочи министерот за транспорт  Сугаревски.

Од менаџментот на ТАВ потенцираа  дека парите со кои требаше да се гради карго аеродрмот ќе се инвестираат онаму каде што ќе одлучи државата.

Според првичните најави изградбата на  Карго аердромор во  Штип требаше да чини 60 милиони евра. Сугаревски соопшти дека се прават и потребните анализи за воведување на национален  авиопревозник.

Годинава во јуни истекува и договорот на Визер со државата за добивање финансиска подршка за воведување на авиолинии . Од компанијата очекуваат да ја продолжат соработката,  но чекаат владата да ги соопшти условите  па потоа да одлучат дали ќе учествуваат на повикот.

Во изминативе години авиосообраќајот во земјава генерира солидни резултати.

Минатата година на двата аеродрома во змејава иле превезени 2 милиони патници , 13 процетни повеќе од 2016 .