Свет
23. March 2018 - 15:42

Карен Мекдугал го обвини Трамп дека и нудел пари за сексуални услуги

Поранешната манекенка на „Плејбој“, Карен Мекдугал, која тврди дека имала 10-месечна интимна врска со американскиот претседател Доналд Трамп во 2006 и 2007 година, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека на првата средба и понудил пари за сексуални услуги. 

Како што јави допсиникот на МИА од Вашингтон, Мекдугал во едночасовното интервјо откри повеќе интимни детали од, како што тврди, нејзината љубовна врска со Трамп.

Според неа, нивната врска се одвивала во месеците веднаш откако Трамп станал татко во бракот со неговата сегашна сопруга Меланија.

Во интервјуто, Мекдугал тврдеше дека Трамп и понудил пари веднаш по нивната прва средба. - Не ги примив парите, изјави таа, додавајќи оти му укажала на Трамп дека „не е таква девојка“.

Таа натаму откри детали за тоа како сегашниот американски претседател ја носел на забави каде биле негововите синови и сопругата Маланија, како и дека и го покажал нивниот пентхаус апартман на врвот од „Кулата Трамп“ во Њујорк.

Сопред Мекдугал, најголемиот поттик за ваквата јавна исповед била измамата од страна на нејзнииот адвокат, кој тајно соработувал со правен засѕапник на Трамп. Мекдугал тврди дека во пресрет на претседателските избори во 2016 година, тие ја убедиле да потпише договор за необјавување информации за нејзината врска со Трамп.

Во договорoт, кој е потпишан во име на медиумска фирма во сопственост на издавачката куќа „Нејшнал енквајар“, стои дека сите информации за нејзината вонбрачна врска на Трамп се во сопственост на компанија, наведува Мекдугал, кој неодамна ја тужеше компанијата.

- Си ја барам назад мојата приказна. Тоа е причината зошто дојдов на ова интервју. Сакам да имам контрола врз своето минато и да раскажам како навистнина беше, а не да се дознава преку трети лица, изјави Мекдугал.

Белата куќа ги отфрли сите нејзини наводи.

Кусо време пред претседателските избори во 2016 година, „Волстрит Џурнал“ објави дека Мекдугал од медиумската компанија со која потпишала договор добила 150 илјади долари. Нејзината приказна никогаш не беше објавена.

- Добив само половина од тие пари. Ќе ги вратам за да си го добијам назад своето минато, порача Мекдугал.