Свет
13. September 2016 - 11:53

Карен Карапетијан нов ерменски премиер

Карен Карапетијан (53), кој работеше во рускиот енергетски гигант Гаспром и беше градоначалник на Ереван денеска стана нов премиер на Ерменија. 

Претседателот Серж Саргсјан денеска потпиша  декрет за негово поставување, наведува ТАСС, повикувајќи се на извор од претседателската канцеларија.