Кардиналот Пел: Католичката црква дозволи големи грешки во однос на сексуалните насилства врз деца
Австралискиот кардинал Џорџ Пел, еден од највисоките советници на папата Франциско, призна дека Католичката црква дозволила да се направат големи грешки, со тоа што дозволила илјадници деца да бидат силувани и измачувани од свештеници.
Кардиналот ова го изјави во видеоконференциска врска од хотел во Рим пред Кралската комисија за институционалниот одговор на сексуалните злоупотребувања врз деца, која заседава во Сиднеј.
Во првите редови во салата во Сиднеј имаше дваесетина Австралијци, кои биле жртви на такви злоупотребувања.
Адвокатот Гејл Фарнис, кој и помага на Комисијата, му постави на кардиналот прашања за реакциите на Ватикан за скандалот, како и за активностите на Пел во Австралија, како одговор на жалбите за сексуални злоупотребувања.
- Не сум тука за да го заштитувам она што не се заштитува. Црквата дозволи огромни грешки и работи на тоа да ги поправи, рече тој.
Кардиналот Пел е највисокиот претставник на Ватика, кои дава докази во врска со скандалот.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна