Бизнис
19. April 2016 - 14:28

Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Дебар и Берово

Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе се одржи презентација Дебар и Берово.

Презентациите ќе почнат во 17 часот, а ќе се одржат во Дебар во Општината и во Берово во Бизнис инкубаторот.

Сите заинтересирани граѓани на презентациите ќе можат да се информираат за проектите од претставниците на Министерството за финансии, банките и Катастар. Во двете општини од страна на општинските власти ќе биде презентирана и локалната понуда на државни плацеви.