Бизнис
8. March 2016 - 11:37

Караванот „Купи куќа за млади“ утре Штип, Делчево и Кочани

Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе се одржат презентации во Штип, Делчево и Кочани.

Караванот е планирано да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.