Карантинот во Грција продолжен до 14 декември
Рестриктивните мерки во Грција, односно карантинот, продолжен е за уште една седмица и наместо на 7, ќе заврши на 14 декември 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, ја соопшти одлуката, објаснувајќи дека според последните податоци постои стабилизирање или намалување на новите случаи, но со побавен ритам од очекуваното, додека пак во болниците има повеќе отпуштени, отколку примени пациенти, но сепак во северниот дел на Грција голем дел од болниците се под сериозен притисок.
-Со овие податоци очигледно е дека постепеното отворање на економската и општествената активност временски се оддалечува. Затоа, засега, постоечките рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот се продолжуваат до понеделник 14 декември 2020 година во 6 часот наутро, рече Пецас.
Паралелно, и владиниот портпарол и Министерството за развој и инвестиции на Грција соопштија дека од понеделник ќе се отворат сезонските продавници, односно оние кои продаваат исклучиво новогодишни и божиќни производи.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите