Loading Video...
Свет
18. October 2020 - 16:44

Карантини и полициски часови на Балканот

Црногорската влада одлучи од утре да ги затвори угостителските објекти во уште пет општини Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак. Одлуката е донесена поради влошената епидемиолошка состојба со Ковид 19 во тие градови. Ќе биде воведен полициски час од 22 часот до 5 наутро. Дополнително ќе се одлучи за учлиштата. Црна Гора за време на првиот ковид бран забележа 324 случаи но сега според податоците на Европскиот статистички ценртар има најмногу зарзени во Европа на 100 000 жители од почетокот на ковид панедмијата. На второ место е Ерменија, а на трето Шпанија. Меѓу првите 10 од 45 европски земји со најмногу заразени нема ниту една друга држава во регионот. По бројот на досега заразени на 100 000 жители, според Европскиот статистички центар Македонија е на 11 место. Како мерка против вирусот карантинот се врати во Северна Грција, како и во седум од 12 региони во Словенија. Франција пак се одлучи за полициски час во Париз и во уште 8 метрополи. Околу 20 милиони Французи се опфатени со едномесечниот полициски час кој стартуваше од вчера. Празни беа улиците во Париз  по 21 часот.

- Претпоставувам дека нема да има излети како порано, да се среќаваме со пријатели, но тоа ви дава малку време со семејството во исто време. Не е лошо.

- Се враќам од работа во 21 часот, па мислам дека ќе биде многу тешко во однос на социјалниот живот.Апсолутно нема да имам социјален живот повеќе. Јас сум малку загрижена, признавам.

Заострени мерки изминатите денови воведоа и други земји од регионот, но и во Европа. Бројките на новозаболени деновиве ќе влијаат на новите антиковид мерки што ќе ги донесе храватската влада. Истото ќе го практикува и италијанскиот премиер.