Македонија
5. November 2017 - 12:32

Карамбол во Скопје: Во судар на четири возила, тројца завршија во болница

Вчера вечер во 22,15 часот во Скопје на бул.„Никола Карев“ на крстосница со ул.„362“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „БМВ 530Д“ управувано од Џ.М.(24) од Скопје, возило „Пежо“ управувано од В.Л.(37) од Скопје, возило „Ауди А6“ управувано од М.Т.(46) од Скопје и возило „Фиат Добло“ управувано од С.С.(48) од Скопје.

Од незгодата со телесни повреди се задобиле, возачот на „БМВ“ Џ.М. и сопатничката во истото возило Џ.М.(20) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. 

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Скопје.