-->
-->
Караманлис: Владата требаше да ја слушне загриженоста на мнозинството граѓани
-->
Владата требаше да ја почитува и внимателно да ја слушне логичната загриженост на големото мнозинство на граѓаните, но и да создаде, по сопствена иницијатива, услови за елементарен национален консензус, вели поранешниот грчки премиер Костас Караманлис, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека „не е дозволено, национални прашања од ваква важност да водат кон тензија што помага за создавање клима на поделба, јави дописничката на МИА од Атина.
-Критиката на Нова демократија за конкретниот договор е силна и целосно поткрепена со докази. Особено кога целиот процес на преговори беше во услови на неоправдано брзање и кога, очигледно, други се оние на кои им е итно да се реши ова прашање. Но, сигурно тоа не е Грција, вели Караманлис.
Поранешниот премиер од редовите на Нова демократија вели дека политиката на неговата влада што доведе до одлуката на НАТО во Букурешт, на земјата и донела особено ефективна преговарачка предност која што не била искористена како што треба
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење
-
Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи пробиен е законски рок
-
Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство заради спроведување на претседателските избори во дијаспората
-
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
-
Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција
-
Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома