Македонија
31. March 2021 - 21:15

Каракачанов нервозен поради извештајот на Стејт департментот

Стејт департмент во годишниот извештај остро ја критикува Бугарија за непочитување на правата на македонското малцинство. Во текстот се наведува дека Софија и покрај пресудите од Стразбур и натаму одбива да ги регистрира македонските здруженија во земјата.

„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација – Илинден, Друштво на угнетени Македонци, Жртви на комунистички терор и Клуб на македонска етничка толеранција во Бугарија, и покрај пресудата од мај и повеќе од 10 претходни одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права дека негирањата ја нарушиле слободата на здружување на групите, се вели во извештајот за човекови права на американското министертво за надворешни работи.

Се нотира и улогата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов на чие барање биле распуштени две македоснки здруженија поради наводни политички агенди за загрозување на единството и безбедноста на нацијата.

Каракачанов вели дека во Бугарија не постојат репресирани Македонци, а на Вашингтон му порача да си го гледа своето малцинство во Тексас и Аризона.

Во извештајот на Стејт Департментот се наведува и дека Бугарија има сериозни проблеми со независноста на медиумите, корупцијата и полициското насилство.