Балкан
24. September 2020 - 12:52

Каракачанов: Не е време за старт на преговорите за Македонија

Бугарија останува на ставот дека ќе ги блокира македонските евроинтеграции. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов вчера во изјава за бугарската телевизија Европа вели дека ставот на бугарската Влада е дека не е време де се закаже првата меѓувладина конференција за Македонија со која и официјално стартува процесот на преговори за членство во Унијата. 

Според Каракачанов, бугарските власти ја усволиле „рамковната позиција“ минатиот октомври како резултат на непочитувањето на билатералниот договор од страна на Македонија.

Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Во моментов зборувам во име на владата – потенцирал Каракачанов.

Вчера Премиерот Заев најави дека најдоцна до средината на ноември ќе отпатува во Софија на средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

 

Александар Спасовски