Каракачанов: Кој прочитал повеќе од 5 страници историја знае дека македонски идентитет пред 44-та нема
Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, продолжува со „европската реторика во духот на пријателството и добрососедството“. Како и досега, Каракачанов продолжува внимателно да ги мери своите зборови, со цел да спакува што е можно повеќе навреди по реченица секогаш кога зборува за Македонија. Од друга страна, тој тоа го смета за „братска добронамерност во буквална смисла“.
„Не можеш да ја касаш раката која те поддржува и која ти е подадена со едно братска добронамерност во буквална смисла. Братско затоа што ние сме еден народ и говориме ист јазик. Што и да ми зборуваат и објаснуваат за идентитетот, кој што бил многу древен, секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија знае дека таков идентитет – македонски, посебен од бугарскиот, пред 1944-та година не постои“, изјави Каракачанов за бугарските медиуми.
Истовремено, тој го актуелизираше и „проблемот“ со бугарските медиуми во Македонија:
„Бугарски медиуми во Македонија нема. Има српски, има секакви, но бугарски нема. И Скопје продолжува да тврди дека биле нормално, демократско и плуралистичко општество. За 30 години откако Македонија е независна држава, таму не се решил ниту еден бугарски медиум да извади лиценца и да се прошири. По кабловските мрежи нема бугарски телевизии, по киосците нема бугарски весници. И тие тврдат дека го промениле односот кон Бугарија. Вие верувате ли? Јас не им верувам“, рече Каракачанов, автоматски отфрлајќи ја можноста дека бугарски медиуми нема затоа што нема интерес.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.