Караџовски: Јас и мојата фамилија не сме корумпирани, ако некој бара оставка треба да ја аргументира
Јас и мојата фамилија ниту некогаш сме биле ниту ќе бидеме мафијаши ниту ќе бидеме корумпирани, а особено не се продаваме за ситни пари. Ако некој од нас бара оставка треба да аргументира зошто ја бара, рече претседателот на Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски.
Тој на денешната прес-конференција посочи дека во Комисијата има професионалци со 30 години искуство, таму има луѓе кои имаат свои семејства и не е во ред некој за нив да вели дека се мафијаши или корумпирани.
-Јас сум член на Комисијата за заразни болести од 1994 година. Во континуитет 26 години. Во состојба кога било која партија била на власт, внатре биле исклучиво професионалци од областа. Дури и кога била друга политичка партија на власт, јас сум бил таму, затоа што сум професионалец. Бевме обвинувани дека земаме грдни пари, дури дека се продаваме за ситни пари и дека сме мафијаши, рече Караџовски.
Тој додаде дека ако некој треба да си поднесе оставка, тогаш треба да си поднесат оставка тие што бараат ставка од него, ако мислат дека се толку способни.
-Имам автомобил 18 години стар, имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше. Нека ми каже некој преку која Комисија истражна, дали полиција, финансиска полиција, завршна сметка или било кој потпис министерот ми има потпишано екстра пари мене или на Комисијата. Нека дојде Меѓународна комсија тоа да го провери. Ние од Комисијата сме чисти како солза. Сме направиле 132 состанока, имаме аргументација од 50 страни, додаде Краџовски.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.