Македонија
31. October 2020 - 10:58

Караџовски: Ако орате сами на нива не мора да носите маска, не сфаќајте буквалистички

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во вчерашното гостување во емисијата 360 степени направи споредба меѓу опасноста од заразување кога би биле сами на нива и кога би се движеле низ трговски центар каде се разминувате со многу луѓе.

-Ме прашаа неколку пати денеска и вчера да ги елаборирам мерките посебно. Некои колеги и новинари најчесто, малку буквалистички ја сфатија пораката дека ако некој ора со трактор, реплицирам на зборувањето на еден колега, на ливада или на нива и во тракторот внатре е сам, на 500 метри лево и десно од него, дали мора да носи заштитна маска? Па не мора. Па немојте толку буквалистички. Меѓутоа, 10 пати ве слушам и вас а и себе си кажувам. Дали во ТЦ Бисер кај што јас живеам, кадешто кога одам на пазар се разминувам со стотици луѓе, дали е потребна маска? Па потребна е. Зборувавме за тоа дека еден облак од причинители на заразни заболувања, што бактерски, што вируси, се разминуваат со мене и со сите вас кога лицата не носат маска. Киваат, кашлаат, зборуваат или било што прават и ние поминуваме низ тој облак. Хипотетички на отворено дел од тие заразни заболувања не се пренесуваат, меѓутоа дали цела Европа греши што во сите развиени држави имаат наредба за носење на маски, вели Караџовски.