Македонија
27. October 2016 - 20:12

Караџоски: СЈО не е над законите, ќе се проверува незаконското работење

Судиите не се над законот но не е ниту СЈО- претседателот на Судскиот Совет Зоран Караџповски во интервју за Радио Слободна Макеоднија кое во целост ќе се емитува утре вели дека постапката која Јанева ја отворила за 5темина судии од Управниот суд е целосно незаконска.

-- Ние знаеме дека судиите во конкретниот случај суделе законски, совесно и одговорно и затоа реагираме. Нема никакво прекршување на законот од нивна страна. Што се однесува до реакцијата на СЈО дека никој не е над законот можам само да кажам дека ниту судиите но ниту обвинителите можат да бидат нас законите, изјави Зоран Караџовски, претседател на Судскиот Совет

Караџовски вели дека овој случај се разликува од претходните во кои биле осомничени судии како што е случајот Јустиција бидејќи овде се работи за барање одговорност за донесена судска одлука која е донесена во законска процудера.

Најавува дека и натаму ќе бараат од СЈО да го почитува законот и да не го оцрнува судството. Управниот суд е особено интересен поради неговата значајна улога во изборниот процес. Токму овој суд треба да одлучува за регуларноста на изборите преку одлуките по сите приговори и жалби.