Македонија
21. March 2019 - 16:26

Караџоски на распит во ОЈО, тој тврди бил на работен состанок

Наместо на распит, првиот човек на Судскиот совет тврди дека повеќе од три часа имал работни обврски во зградата на обвинителството за организиран криминал. Откако ја напушти зградата Караџовски, не сакаше да потврди дали е сведок во предистрагата која обвинитеслтвото ја отвори за покачените плати на членовите на судскиот совет и на судиите.

-Кој ве информирал дека сум бил таму? Имав службени обврски, не можам да ви кажам сега во врска со што – рече Караџовски.

Според Караџовски одлуката со која членовите на судскиот совет и судиите добија повисоки плати за 35 проценти е законска и негира дека на оваа седница не била поканета министерката за правда Дескоска.

Од декември минатата година обвинитеслтвото истражува дали е нанаесена штата на буџетот со покачувањето на месечните примања на судскиот совет и судиите во износ од 21 илјада денари месечно.

Информациите тогаш ги објави Синдикатот на УПОЗ кој најави и кривична пријава.