Караџиќ бара праведна, а не „очекувана “ пресуда
Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, од Апелацискиот совет на Меѓународниот трибунал побарал да му ја преиначи пресудата од 40 години затвор за геноцид и злосторства против човештвото за време на војната во Босна од 1992-1995 година, и да му изрече праведна одлука, пренесе Танјуг.
Во својот одговор на жалбата на обвинителството, напишан на 109 страници, Караџиќ го повикува Апелацискиот совет да го направи „тоа што е правилно и праведно, а не тоа што се очекува“.
Во документот Караџиќ посочува дека процесот против него бил „нечесен“ и довел до грешни заклучоци во пресудата.
Според неговите тврдења, обвиненијата на обвинителството биле неточни и затоа пресудата е незаконска.
Претходно, Караџиќ побара Апелацискиот совет да ја отфрли жалбата на обвинителството, кое побара неговата пресуда да биде сменета на доживотен затвор.
Радован Караџиќ во март 2016 година беше осуден. На почетокот на декември 2016 година, обвинителството ја обжали пресудата и побара таа да се смени во казна доживотен затвор. Караџиќ, исто така, се жалеше, оспорувајќи ги тврдењата на обвинението и побара ослободителна пресуда.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација