Loading Video...
Ракомет
5. November 2018 - 13:50

Карачиќ избран тимот на колото во ЛШ

Вардарци до петтиот свој триумф во елитното натпреварување стигнаа во дуелот со Мешков Брест кого го совладаа пред својата публика со 30-23, меч во кој Хрватот, Игор Карачиќ постигна 11 гола, со што сосема заслужено се избори за место во идеалниот тим на шестото коло. 

Металург пак направи „сефте“ и тоа со победата над Чеховски Медведи со 25-24. 
Првата победа за тимот од Автокоманда, влева надеж за подобри денови во таборот на македонскиот вицепрвак кој нова шанса ќе има веќе в четврток (8.ноември) во средбата против Спортинг Лисабон, која ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот. 

Во недела (11ноември) во Скопје, ќе допатува и шпанскиот гигант Барселона во дербито на колото против Вардар во терминот од 17 часот. За оваа средба вардарци во продажба пуштија дополнителни 200 влезници.