Капитал: За Црна Гора „мал Шенген“ е оддалечување од европскиот пат
Црна Гора не е заинтересирана за „мал Шенген”, единствен економски простор во кој меѓу земјите од Западен Балкан би се одвивал непречен проток на луѓе и стока без задржување на границите, објави босанскиот портал Капитал.
Освен Црна Гора, која јасно порача дека не е заинтересирана, Албанија своето учество го услови со учеството на Косово, за која бара да биде дел од регионалната соработка, а поради што Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) изгуби на значење, оценува порталот.
„Последици од иницијативата може да биде фрагментација во рамки на самиот Западен Балкан, а нејзината потенцијална злоупотреба може да се искористи за дневнополитички цели во одделни држави од регионот и оддалечување на овие земји од европскиот пат”, оцени црногорската власт во официјалниот документ во кој порталот имал увид.
– Она што тој го слушнба од мене, за него беше многу прифатливо, а тоа е дека практично се работи за реформа на ЦЕФТА договорот – вели Шаровиќ, кој оцени дека тој договор во последно време покажал бројни недостатоци, посебно во споровите поради бројните бариери кои од ден во ден се трупаат.
Тој оцени дека ЦЕФТА договорот е потребно да се реформира и надгради, согласно искуствата од изминатиот период.
Капитал оценува дека иако идејата на заеднички економски простор е само во зародиш, јасно е дека ќе биде многу тешко да се реализира во целосен обем, дополнувајќи дека Црна Гора има многу неповолна надворешнотрговска размена со соседните земји, поради што и не им е во интерес дополнително отворање на границите преку „мал Шенген”.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци