Македонија
30. November 2016 - 16:32

Кантонизација според визијата на Заев: Едно село - Еден Кантон

Уште поголема децентрализација на државата создавање на региони, секое село по примерот на Швајцарија да одлучува само за себе, овие ставови лидерот на СДСМ ги презентирал на обраќањето пред албанската дијаспора. Последното видео објавено во јавноста ги потврдува ваквите негови намери. 
 
Владеачката ВМРО - ДПМНЕ  уште пред една недела тврдеше дека целта на СДСМ е федерализација на државата, кое велат е запишано и во изборната програма на партијата. 
 
- СДСМ предвидува трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржувањето на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт. Со други зборови формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Липково или Арачиново ... СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа или како што самите наведуваат на страна 164 „Ќе воведеме политипни општини со различни надлежности, во зависност од големината и изградените капацитети и моќта да генерираат сопствени приходи, или со поделба на надлежностите на задолжителни и изборни.“. Ова е веројатно територијалната реорганизација по урнек на Швајцарското кантонално уредување што го ветуваше Заев, ре;е кандидатот за пратеник од ВМРО - ДПМНЕ Трајко Велјаноски.
 
И претседателот на албанската дијаспора Муса Љамалари вчера во интервју за Сител потврди дека нивните заложби се за федерализација на Македонија.
 
- Јас ја гледам Македонија, за подобро и за тебе и за мене да го има тој белгиски модел за федерализација. Германија е федерална држава, Швајцарија е кантонизирана, во Ирска има регионализација. Сега мислам дека тука е подобро да се федерализира за сите да влеземе со некои вредности, а не некои елити да седнат таму горе и да манипулираат со граѓаните за ние да се испотепаме. Тоа не е фер, вели Љамалари. 
 
Во меѓувреме се шири кругот на јавни личности кои со своите дела оставиле печат во градењето на македонското културно и национално богатство и кои реагираат на обидот на Заев да ја редефинира државата најавувајќи уставни измени и двојазичност. Уметнкот Станковски вели сепак овие најави нема да се реализираат. 
 
Случлувањата во изминатиот период во регионот само ги потврдија плановите зад кои стои албанската дијаспора. Пред неколку дена српските медиум објавија дека во Тирана е потпиешан договор за формирање на унијана на албански општини во кои покрај
Тирана и Приштина влегуваат и Тетово, Улцињ и Прешево. 
 
Поткрепа на ваквите се погласни заложби дава и инцидентот со возилото на албанската амбасада во Атина за време на постата на Обама, во кое беа пронајдени учебници со карти на голема Албанија на кои и Скопје како и половина Македонија е дел од ова замисла за формирање на големата држава на Албанците.