Фудбал
12. October 2017 - 22:45

Канте кај Челзи, Мустафи кај Арсенал на листата на повредени

Настапите за националните репрезентации изминативе денови им донесоа главоболки на дел од премиерлигашите односно на нивните менаџери. Играчот на Челзи и репрезентативец на Франција Нголо Канте нема да биде на располагање на менаџерот Антонио Конте најверојатно шест натпревари откако на дуелот Бугарија - Франција ги истегна лигаментите. Тој беше заменет по само 30 минути. Канте ќе ги пропушти дуелите со Кристал Палас, Вотфорд, Бурнемут, (Премиер лига), Рома (Лига шампиони - два дуела) и Евертон (Лига куп).
Во Арсенал со повреда се врати германскиот репрезентативец Шкодран Мустафи. Тој го има повредено бутниот мускул и се очекува да паузира околу 30 дена, а ќе ги пропушти дуелите со Вотфорд, Евертон, Свонси и Манчестер Сити.
Претходно од Ливерпул објавија дека поради повреда шест недели ќе бидат без репрезентативецот на Сенегал Садио Мане.