Loading Video...
Ракомет
2. May 2019 - 19:02

Кањелас: Со помош на фановите до „чудо“ против Вардар

Ракометарите на унгарскиот првак ПИК Сегед  максимално сериозно се подготвуваат за реванш дуелот со Вардар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.  Македонскиот првак пред неделниот дуел има предност од 8 погодоци но Унгарците се обидуваат со изјави во медиумите екстра да се мотивираат  за втората средба .

Повеќето од ракометарите на ПИК Сегед се свесни дека  Вардар има тешко достижна предност но веруваат дека со поддршка на публиката можат да направат чудо. Еден од оптимистите  е и довчерашниот Вардарец Жоан Канељас.

            „ Претходно играв во Скопје и знаев што не очекува но и ние имаме добра публика која знае да креира победничка атмосфера.  Убеден сум дека ќе го победиме Вардар но дали ќе ја достигнеме предноста на македонскиот тим  е друга приказна. За тоа треба да го одиграме мечот на сезоната.

            Тајната на успехот  Шпанецот ја гледа во играта на Вардаровиот Џин Криштопанс.

            „ Кристопанс е во извонредна форма и навистина е тешко да се игра против него со тие 135 килограми  и екстремната висина за ракомет 215 сантиметри.  Јас лично во кариерата сум играл тешки натпревари во кои сме надополниле голема разлика.  Затоа верувам во чудо бидејќи во редовите на ПИК Сегед има ракометари од светска класа“- изјави меѓу другото Кањелас за клупскиот ВЕБ Сајт.

            Интересно во пресрет на натпреварот дел од унгарските медиуми објавија дека тренерот на Вардар, Роберто Парондо е еден од кандидатите  за селектор на репрезентацијата на Унгарија. Вистина или дел од психолошката војна најверојатно ќе се дознае во деновите по мечот ПИК Сегед – Вардар кој се игра во недела од 19 часот.  Вардар во Скопје победи со 31-23.