Свет
8. July 2020 - 16:36

Канје Вест на изборите планира да оди како независен кандидат

Американскиот рапер Канје Вест во интервју за изданието Форбс денеска изјави дека својата кандидатура за претседател на САД планира да ја објави како независен кандидат.

 Тој додаде дека би бил спремен да стане кандидат на Републиканската партија доколку таа не би била претставувана од сегашниот претседател Доналд Трамп.

Вест претходно на Твитер соопшти дека има намера да учествува на претседателските избори во САД. Во коментарите под твитот тој доби поддршка од Илон Макс, основач на компаниите „Тесла“ и „СпејсИкс“

Вест е во брак со Ким Кардашијан, американска популарна реалити шоу ѕвезда. Во интервјуто тој истакна дека, засега, таа и Маск се единствени советници во неговата претседателска кампања во зародиш.

Според изборната традиција во САД, реални шанси за избор на претседател имаат кандидатите од најголемите две политички партии, републиканстата и демократската.