Џет-Сет
17. December 2015 - 11:27

Канје стави крај на бракот: Ја остави Ким четири дена по породувањето!

Бракот на Ким Кардашијан и Канје Вест веќе неколку месеци е во криза. Според тоа што деновиве го пишуваат американските медиуми, раперот ја оставил ријалити ѕвездата само четири дена откако таа на свет го донесе нејзиното второ дете.

Според пишувањата на US магазинот, кризата кулминирала само неколку дена по породувањето, а по кратка расправија со Ким, раперот си ги спакувал куферите и ја оставил со двете деца.

Според неименуван извор, Кардашијан веднаш се преселила кај својата мајка, а Канје заминал исто така во друг стан. Неколку дена претходно пријателите на парот изјавија дека тие се пресреќни со приновата и дека одлично се согласуваат во љубовта.

Сепак, како што пишуваат одредени таблоиди, „пукна тиквата“ меѓу Ким и Канје кои секогаш привлекуваат огромно внимание во јавноста.