Свет
23. јуни 2019 - 20:13

Кандидатот на Ердоган го призна поразот на локалните избори во Истанбул

Кандидатот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Бинали Јилдирим, денеска го призна поразот на локалните избори во Истанбул откако беа објавени првите резултати од гласањето, кои му даваат голема предност на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу.

– Според резултатите, мојот противник Екрем Имамоглу води. Му честитам и му посакувам среќа. Се надевам дека добро ќе му служи на Истанбул – изјави Јилдирим.

Изборите за градоначалник се одржаа во Истанбул, откако беше поништен претходниот изборен резултат.

Гласањето во Истанбул е тест за популарноста на Ердоган, кој претходно изјави дека оној кој победил во Истанбул ја освоил цела Турција.