Македонија
11. October 2021 - 16:34

Кандидатите за Скопје ја продолжија трката

Да се зачува сеќавањето за храброста и одлучноста на партизаните и да се потсетуваме на нивниот идеал. Одговорни сме да ги паметиме нивните жртви и да го негуваме наследството, за тоа што благодарение на нив, сега живееме во слободен град. Вака градоначалникот на Скопје, Шилегов го честита  Денот на народното востание и вети од Скопје ќе направи модерна европска метро.

-Скопје мора да биде европска престолнина, главен град на земја, дел од европското семејство, каде сите знаеме да го осудиме минатото, меѓутоа и да се бориме за иднината. Иднината во која нашите деца ќе се сакаат и нема да се мразат. Во изминатите четири години покажавме дека знаеме и можеме да се сакаме, да го претвориме Скопје во модел каде луѓето знаат да живеат заедно, гледајќи на културните разлики како богатство, а не како хендикеп, истакна Шилегов.

Со положување цвеќе и независниот кандидат за градоначалник , Данела Арсовска им оддаде почит на борците, за да живееме во слободна и независна држава. Го искористи празникот и за предизборно промовирање. На граѓаните им вети канцеларија која ќе работи 24 часа, а најдобрите проекти ќе се реазлизираат преку посебен буџет, работното време на градската администрација ќе биде цел ден.

Група независни кадидати пак со протест пред ДИК велат дека Државна та изборна комисија ги избришала од гласачкото ливче и ставила – група избирачи, со што гласачите можат да се доведат во заблуда.

Државната изборна комисија (ДИК) го сокри називот на граѓанското движење „Шанса за Центар“ од гласачкото ливче и место „Група избирачи ‘Шанса за Центар’ Јана Белчева – Андреевска, ставила „Група избирачи Јана Белчева-Андреевска.

И покрај нашите укажувања, за разлика од политичките партии, називите на нашите листи тенденциозно се тргнати од гласачките ливчиња, што е намерно создавање забуна кај гласачите. Исто така, на независните листи им е скратено правото за увид во избирачкиот список, што е многу важно за планирање на кампањата“, тврдат независните граѓански листи, обвинувајќи ја ДИК за пристрасност.

Од ДИК велат дека работат согласно законот – така работеле и на претходните избори, а кандидатот Белчева Андревска веќе ја информирале за тоа .