Македонија
15. April 2019 - 16:19

Кандидатите за претседател покажаа дека не се незаинтересирани за функцијата

По третото телевизиско соочување на претседателските кандидати, аналитичарите се со единствен став – како наближува денот на изборите, така и дебатите ќе бидат пожестоки. Вчерашната дебата во емисијата Детектор според политичкиот аналиточар Дујовски успеа да ги претстави кандидатите на сосема поинаков начин.

5 телевизиски дебати во една преизборна кампања според аналитичарите е позитивен демократски чекор напред, а на граѓаните им остава простор да одлучат кој кандидат ќе го поддржат врз основа на аргументи, наместо како досега само преку пораки испратени од политичките митинзи.

Покрај дебата на актуелните политички теми, Детектор вчера ги соочи тројцата кандидати за шеф на државата и со ставот на граѓаните преку презентација на анкети, а на своите политички противници прашања им поставија и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и Бујар Османи од ДУИ.