Балкан
19. October 2015 - 16:47

Кандидатите за лидер на Нова Демократија бараат поддршка преку името на Македонија

Со  остри и непопустливи тонови за името на Македонија кандидатите за лидер на грчката опозициска партија Нова демократија бараа поддршка меѓу членството во регионот на грчка Македонија.

Актуелниот лидер Вангелис Меимаракис од Воден ја повика грчката Влада да заборави на заеднички морски патроли со Турција и истакна         дека и покрај кризата, националните прашања мора да се бранат.

,,Владата мора да разбере дека едногласната одлука во нашиот Парламент за Скопје, што водеше кон одлуката во Букурешт не сплоти и на зајакна. Нова Демократија нема да влезе во друг дијалог по тоа прашање‘‘, рече Меимаракис.

Актуелниот лидер говорот го заврши со фразата ,,Македонија е грчка‘‘, што станува негова парола во секое обраќање.

И противкандидатот Апостолос Ѕиѕикостас, од Лерин и Кожани  испрати порака до Владата на Ципрас да не се осмелува да си игра со Македонија.

,,Со интересите на земјата не смее да се игра. Не се осмелувајте да си играте со Македонија. Грција има јасна национална позиција и нема да дозволиме никаков таен план за тоа‘‘, рече Ѕиѕикостас.

Говорите на кандидатите доаѓаат по објавувањето на содржината на доверливото писмото што шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас го испрати до сите партии и во кое бара да се изјаснат кое име и кој модел е прифатлив за нив за решавање на спорот за името на Македонија.

Според грчките медиуми владата на Ципрас е под силен притисок на меѓународната заедница, пред се на САД кои инсистираат на итно решавање на спорот и прием на Макеоднија во НАТО на Самитот на Алиајнсата во Варшава следната година.