Кандидат за советничка листа на политичка партија за Град Скопје добивал закани за бомба
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Jавното обвинителство, ја известува јавноста дека во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021 година, пристигнаа голем број известувања, поднесоци и пријави за индиции за сторени изборни нерегуларности.
Предмет е оформен по доставено известување од МВР за сторено кривично дело „Изнуда“ од страна на засега непознати сторители кон лице од кандидатската листа за советници на една политичка партија за Град Скопје.
На оштетениот му биле испраќани пораки, меѓу нив и порака каде се спомнува бомба.
По насоки на обвинителството се преземаат дејствија за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор