Канческа-Милевска со децата од Домот „11 Октомври“ во Археолошкиот музеј
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во рамки на манифестацијата „Денови на археологијата“ заедно со децата од домот за деца без родители „11 Октомври“ ја посетија постојаната музејска поставка на Археолошкиот музеј на Македонија, кој изминатата недела, преку различни активности ја одбележа годишнината од вселувањето во својот нов дом.
За време на посетата, како што соопшти Министерството за култура, децата ја разгледале цпоставката, каде преку предметите направени од луѓето во минатото, а откриени и откопани од археолозите, имале можност да се запознаат со сите артефакти од богатото културно наследство пронајдено за време на археолошките истражувања на локалитетите ширум нашата земја.
Министерката за култура, заедно со директорката на оваа национална установа, Весела Честоева, на децата им подарила и примерок од брошурата „Запознавање со минатото“, која, како што рече, ќе им овозможи на еден интересен и необичен начин да добијат повеќе знаења од областа на археологијата.
Археолошкиот музеј од неговото отворање го посетиле повеќе од 35 илјади посетители од земјава и од светот од кои над 10 илјади ученици со што музејот стана важен сегмент од едукативната програма наменета за учениците од основните и средни училишта во Република Македонија.
По повод одбележувањето на првата годишнина од отворањето на Археолошкиот музеј на Македонија од 18 до 22 октомври во оваа институција се одржа манифестацијата „Недела на археологијата“, во чии рамки беше отворена изложбата „10 столбови на Археолошкиот музеј“, а се одржаа и низа на презентации и предавања.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка