Македонија
23. December 2015 - 19:31

Канцеларијата на Европската Унија во Скопје мести тендери, а нивните објаснувања уште повеќе го објаснуваат местењето

Канцеларијата на Европската Унија во Скопје мести тендери, а нивните објаснувања уште повеќе го објаснуваат местењето – велат од компанијата Market Vision за Сител.

Минатата недела компанијата реагираше затоа што нивната финансиска понуда, за тендерот за истражување на јавно мислење, воопшто не била разгледана поради наводно лошо објаснување на методологијата, за која велат дека биле зададена во самиот тендер.

Од Канцеларијата на ЕУ ни го дадоа истото образложение кое го дале на компанијата.

-Како што веќе му објасниве на апликантот Market Vision во нашата претходна комуникација, нивната понуда не ги објаснува техничките карактеристики јасно, што значи дека тие не стигнаа до минимумот од 80 поени и не се отвара нивната финансиска понуда.

На Market Vision не им е јасно како не ја објаснале методологијата кога таа била зададена во самиот тендер. Дотолку повеќе што методологијата за истражувања на јавно мислење е унифицирана за сите вакви истражувања.

За овој тендер тие ја ангажирале др. Весна Кузмановиќ која го спроведувала ова истражување на ЕУ во последните неколку години.

-Објаснувањето кое ни го дадоа е про форма. Методологијата за спороведување на истражувањето беше зададена уште во тендерот. Така што објаснувањето дека не била доволно детална не држи вода, вели др. Кузновиќ во изјава за Сител.

Од Market Vision се сомневаат дека образложението им е дадено за да не се отвори финансиската понуда која е поповолна од онаа на конкурентот.

Тие велат дека ова го објаснува односот на Европската Унија која овде наметнува едни стандарди а спроведува други кои не соодветствуваат со европските вредности.